Logo-en

ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ

Асоцијацијата за развојни иницијативи ЗЕНИТ – Скопје и Институтот за европска политика (ЕПИ) огласуваат 20 волонтерски позиции во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“ финансиран од Европската Унија. Позициите се предвидени во Скопје, Битола, Гостивар и Штип.

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да достават:

кратка биографија (на македонски или англиски јазик) со преглед на образованието, работното искуство и релевантните знаења и вештини, вклучително и нивото на познавање на стандардните офис апликации, и

мотивациско писмо.

Документите треба да се достават на zenith@zenith.org.mk или contact@epi.org.mkне подоцна од 3 октомври 2019 година (четврток). При пријавувањето, кандидатите во насловот на електронската порака треба да наведат Волонтер-Партнерство Јустиција и името на градот во кој сакаат да волонтираат (Скопје, Битола, Гостивар или Штип). Изборот ќе се изврши врз основа на доставените пријави, а по потреба дел од кандидатите ќе бидат повикани на разговор. Пријавите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

Што добиваат волонтерите?

Волонтерите ќе имаат можност да стекнат практично искуство во работа на донаторски финансирани проекти, комуникација и соработка со други граѓански организации и институции, спроведување истражувања и анкети. Ќе биде одржана и еднодневна обука за спроведување на анкета за задоволство на корисниците на судовите и вработените во нив.

Секој од волонтерите ќе има активности во просек по 20 часа неделно, во период од 1 месец во периодот октомври-ноември 2019 г., со можност со обострана согласност да се продолжи за уште еден месец во 2020 година. За покривање на трошоците за храна и превоз, волонтерот ќе добива месечен надомест во износ од 4.620 денари.

Задачи на волонтерите

Главни волонтерски задачи:

спроведување на анкета на корисници и вработени во судови (зависно каде се пријавил, во Скопје, Битола, Гостивар или Штип);

внесување на податоците од истражувањето во база на податоци;

комуникација со институции и организации, вклучително и присуство на состаноци и средби со организации/институции;

известување на супервизорот/проектниот тим за напредокот во работата;

други тековни активности.

Услови за пријавување и критериуми за избор

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

студенти во последна година на додипломски студии, студенти на постдипломски студии или дипломци/магистри од областа на општествените науки (политички науки, право, социологија) или тековни односно поранешни практиканти во судовите;

солидни компјутерски вештини (стандардни офис апликации за обработка на текст и бројки);

за кандидатите кои се јавуваат за Гостивар дополнителен услов е познавањето на албански јазик.

Евалуацијата и изборот на кандидатите ќе се заснова на следниве критериуми: степенот на образование (максимум 1 бод), нивото на компјутерска писменост (максимум 1 бод), релевантното професионалното искуство (максимум 4,5 бодови), комуникациските вештини (максимум 1 бод), мотивираноста (максимум 1 бод), познавањето на албански јазик (задолжително е за кандидатите кои се јавуваат за Гостивар; за кандидатите кои се јавуваат за Скопје носи дополнителен бод).

За проектот

Проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“ (број на договор за грант: 12-6206/1), финансиран од Европската унија, има за цел да придонесе за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи. Проектот е спроведуван од Институтот за европска политика – Скопје и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит.

________________________________________________________________

ПОВИК ЗА СУПЕРВИЗОРИ НА АНКЕТАРИ

Асоцијацијата за развојни иницијативи ЗЕНИТ – Скопје и Институтот за европска политика (ЕПИ) огласуваат 4 позиции за супервизори на анкетари во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“ финансиран од Европската Унија. Позициите се предвидени во Скопје, Битола, Гостивар и Штипи ќе се базираат на договор за вршење услуги во текот на 1 месец во 2019 г. и 1 месец во 2020 г.

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да достават:

кратка биографија (на македонски или англиски јазик) со преглед на образованието, работното искуство и релевантните знаења и вештини, вклучително и нивото на познавање на стандардните офис апликации, и мотивациско писмо

Документите треба да се достават на zenith@zenith.org.mk или contact@epi.org.mkне подоцна од 3 октомври 2019 година (четврток). При пријавувањето, кандидатите во насловот на електронската порака треба да наведат Супервизор-Партнерство Јустиција и името на градот каде сакаат да се ангажирани (Скопје, Битола, Гостивар или Штип). Изборот ќе се изврши врз основа на доставените пријави, а по потреба дел од кандидатите ќе бидат повикани на разговор. Пријавите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

Што добиваат супервизорите?

Со супервизорите ќе биде склучен договор за вршење услуги во текот на 1 месец во 2019 г. и 1 месец во 2020 г. (под услов совесно и квалитетно да ги исполнувале задачите во текот на првата анкета). Месечниот нето надомест за секој супервизор ќе изнесува 22.176 денари, а данокот на личен доход ќе биде платен од страна на проектот. Супервизорите ќе посетат еднодневна обука за спроведување на анкетата и ќе имаат можност да стекнат практично искуство во работа на донаторски финансирани проекти, спроведување на теренски анкети и истражување на задоволството на корисниците на судовите и вработените во нив.

Задачи на супервизорите

Проектот ќе спроведе две годишни анкети за задоволството на корисниците на судовите и вработените во нив. Анкетите ќе ги вршат 4 тима составени секој од по 5 волонтери-анкетари, во избрани судови во 4 различни региони во земјата. Секој тим ќе биде надгледуван од по 1 супервизор (вкупно 4 супервизори) со цел да се обезбеди придржување до методологијата на истражувањето. Секој супервизор ќе:

врши координација и надзор на терен над тим од 4 волонтери-анкетари (зависно каде се пријавил, во Скопје, Битола, Гостивар или Штип)

дава методолошки насоки и појаснувања на анкетарите

се грижи за интегритетот на анкетите со потврдување дека волонтери-анкетари ги пополнуваат прашалниците врз основа на интеракција со корисниците на судовите и вработените во нив, дека анкетарите ја следат методологијата на анкетата, и дека навремено и правилно ги внесуваат одговорите во базата на податоци за анкетите

проверува дали анкетарите правилно ги поставуваат и појаснуваат прашањата на корисниците на судовите и вработените во нив

ги оценува учинокот на анкетарите и ќе дава насоки за подобрување на тој учинок

служи како контакт лице на проектниот тим со анкетарите за конкретниот регион

врши други работи по потреба согласно инструкции од проектниот тим.

Услови за пријавување и критериуми за избор

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

завршени студии од областа на општествените науки;

солидни компјутерски вештини (стандардни офис апликации за обработка на текст и бројки).

Евалуацијата и изборот на кандидатите ќе се заснова на следниве критериуми: степенот на образование (максимум 1 бод), нивото на компјутерска писменост (максимум 1 бод), релевантно професионалното искуство (максимум 4,5 бодови), комуникациските вештини (максимум 1 бод), мотивираноста (максимум 1 бод).

За проектот

Проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“ (број на договор за грант: 12-6206/1), финансиран од Европската унија, има за цел да придонесе за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи. Проектот е спроведуван од Институтот за европска политика – Скопје и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит.

________________________________________________________________

Повик за ангажирање експерт за изработка на документ за јавни политики со препораки за подобрување на јавните услуги

Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит во рамки на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги“ (број на договор за грант со ЕУ: 12-7459/1), поддржан од Европската унија, има потреба од ангажирање експерт за изработка на документ на јавни политики со препораки за подобрување на јавните услуги врз основа на потребите на граѓаните. Проектот има за цел да ја зајакне вклученоста на граѓанското општество во реформата на јавната администрација како приоритетен реформски процес во пристапувањето кон ЕУ.

1. За документот

Документот за јавни политики треба да ги вклучува следните аспекти:

2. Работни задачи

Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на активностите. Експертот треба да ги исполни следните задачи:
  1. Финализација на структура на документот, во соработка со проектниот тим;
  2. Подготовка на нацрт-верзија на документот;
  3. Усогласување на нацрт-верзијата со коментарите од проектниот тим;
  4. Финализација на документот за јавни политики;
  5. Презентација на документот на јавен настан.

3. Постапка за избор

Експертот кој ќе биде ангажиран треба да ги исполнува следниве услови:

4. Начин на пријавување

Заинтересираните експерти треба да изразат интерес со испраќање на следните документи:

Документите треба да се испратат на zenith@zenith.org.mk заклучно со 22.01.2019 г.

Доколку ви се потребни дополнителни информации во врска со повикот, обратете се на: zenith@zenith.org.mk.

________________________________________________________________

Повик за ангажирање лектор на македонски јазик за потребите на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги“

Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит во рамки на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги“, поддржан од Европската унија (број на договор за грант со ЕУ: 12-7459/1) има потреба од ангажирање лектор на македонски јазик.

Во рамки на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги“, кој има за цел да ја зајакне вклученоста на граѓанското општество во реформата на јавната администрација како приоритетен реформски процес во пристапувањето кон ЕУ, имаме потреба од лекторирање на публикации, промотивни материјали, новости и други материјали на македонски јазик.

Потребни квалификации

Начин на аплицирање

Кандидатите треба да испратат:

Потребните документи треба да се испратат на zenith@zenith.org.mk не подоцна од 22.01.2019 година.

Доколку ви се потребни дополнителни информации во врска со повикот, обратете се на: zenith@zenith.org.mk.

________________________________________________________________

Повик за ангажирање преведувач(и) од македонски на албански јазик и обратно и од македонски на англиски јазик и обратно за потребите на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги“

Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит во рамки на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги“,поддржан од Европската унија (број на договор за грант со ЕУ: 12-7459/1) има потреба од ангажирање:

Во рамки на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги“, кој има за цел да ја зајакне вклученоста на граѓанското општество во реформата на јавната администрација како приоритетен реформски процес во пристапувањето кон ЕУ, имаме потреба од превод на публикации, промотивни материјали, новости и други материјали од македонски на албански јазик и обратно, и од македонски на англиски јазик и обратно. Дополнително, во рамки на проектот е потребен и симултан превод на настани на истите јазици.

Потребни квалификации

Доколку кандидатот има професионално искуство во пишан и симултан превод и од англискиот и од албанскиот јазик на македонски и обратно, треба да нагласи дека аплицира за двете позиции, при што во финансиската понуда ќе напомене дека станува збор за пријава за два јазици.

Начин на аплицирање

Заинтересираните експерти треба да изразат интерес со испраќање на следните документи:

Потребните документи треба да се испратат на zenith@zenith.org.mk не подоцна од 19.12.2018 година.

Доколку ви се потребни дополнителни информации во врска со повикот, обратете се на: zenith@zenith.org.mk.

________________________________________________________________

ANNEX I: Terms of reference

for Facilitator for the focus group - Tender publication reference BCCI10/2018 within the framework of the project "Building competitiveness through cooperation and innovation: Accessing export markets for handicraft products"

Contract No. 2018/396-327, Budget line 5.11

BACKGROUND INFORMATION

1.1 Beneficiary countries

Republic of Macedonia and Republic of Kosovo

1.2 Contracting Authority

The project "Building competitiveness through cooperation and innovation: Accessing export markets for handicraft products" is funded by the European Union and implemented by the Association of businesses and consultants – ABC Creation Skopje in partnership with the Association for Development Initiatives - Zenith from Skopje and the Advocacy Training and Resource centre – ATRC from Prishtina. This particular activity will be led by the Association Zenith.

1.3 Project summary

The project goal is to contribute to economic development and social inclusion in the cross-border areas of the East region in Kosovo, as well as Northeast and Skopje regions in Macedonia through income generation of start-ups and micro-enterprises. This will be achieved through the specific objective of enhancing competitiveness by stimulating coo-petition and innovative practices of export-oriented handicrafts start-ups and micro-enterprises in the cross-border areas. In particular, cross-border clustering of handicraft artisans and micro-enterprises will be supported in order to develop cooperative presence on developed export markets. These markets will be reached by the launch of online selling of handicrafts and a cause related marketing approach.

OBJECTIVE, PURPOSE & EXPECTED RESULTS

2.1 Overall objective

To contribute to the economic development and social inclusion in the cross-border areas of the East region in Kosovo, as well as Northeast and Skopje regions in Macedonia through income generation of start-ups and micro-enterprises.

2.2 Purpose

The purpose of this Contract is as follows:

2.3 Results to be achieved by the Contractor

ASSUMPTIONS AND RISKS

3.1 Assumptions underlying the project intervention

3.2 Risks

SCOPE OF THE WORK

4.1 Description of the assignment

4.2 Responsible body

The Contractor(s) is/are responsible for all activities and delivery of results regarding this Contract with the support of Contracting Authority.

LOGISTICS AND TIMING

5.1 Location

The tasks will be carried out on the territories of the Republic of Macedonia.

5.2 Start date & period of the implementation of tasks

The focus group will take place on 31th of October, from 12 to 14:00 o’clock. Prior the meeting one day is for preparation, half day for realization of the focus group and a half day for preparation of the report. Two experts’ days in total in the period between 30th – 31th of October 2018.

REQUIREMENTS

6.1 Personnel

The engaged Contractors(s) is/are expected to have at least:

Note that civil servants and other staff of the public administration of the beneficiary country cannot be proposed as Contractor, unless prior written approval has been obtained from the European Commission. All Contractors must be independent and free from conflicts of interest in the responsibilities they take on.

The maximum gross value of the Contract for Facilitator for the focus group is 220 Euros;

Interested parties are invited to hand-deliver or submit their offers by post mail, e-mail, telefax or a currier no later than 15:00 o’clock, 29th of October 2018 to the following e-mail address: zenith@zenith.org.mk. Please note that you may submit only one offer.

In addition to the offer, interested parties must provide the following:

The contract shall be awarded based on the best value for money. Should you need any further information, please do not hesitate to contact us on email or telephone: zenith@zenith.org.mk; 077693340.

CONTRACT

7.1 Contract requirements

The selected Contractor will sign a contract for the facilitation of the focus group with Association Zenith at the latest by 30th of October.

The expert(s) will provide a short report from the focus group no later than November 10th 2018. The report will be prepared in English language.

Approval of the report by the Contracting Authority will be the basis for the final payment to the expert in accordance with a concluded contract for work.

________________________________________________________________

ANNEX I: Terms of reference

for the Expert for the assessment meeting with handicraft artisans Tender publication reference BCCI8/2018 within the framework of the project "Building competitiveness through cooperation and innovation: Accessing export markets for handicraft products"

Contract No. 2018/396-327, Budget line 5.9

BACKGROUND INFORMATION

1.1 Beneficiary countries

Republic of Macedonia and Republic of Kosovo

1.2 Contracting Authority

The project "Building competitiveness through cooperation and innovation: Accessing export markets for handicraft products" is funded by the European Union and implemented by the Association of businesses and consultants – ABC Creation Skopje in partnership with the Association for Development Initiatives - Zenith from Skopje and the Advocacy Training and Resource centre – ATRC from Prishtina. This particular activity will be led by the Association Zenith.

1.3 Project summary

The project goal is to contribute to economic development and social inclusion in the cross-border areas of the East region in Kosovo, as well as Northeast and Skopje regions in Macedonia through income generation of start-ups and micro-enterprises. This will be achieved through the specific objective of enhancing competitiveness by stimulating coo-petition and innovative practices of export-oriented handicrafts start-ups and micro-enterprises in the cross-border areas. In particular, cross-border clustering of handicraft artisans and micro-enterprises will be supported in order to develop cooperative presence on developed export markets. These markets will be reached by the launch of online selling of handicrafts and a cause related marketing approach.

OBJECTIVE, PURPOSE & EXPECTED RESULTS

2.1 Overall objective

To contribute to the economic development and social inclusion in the cross-border areas of the East region in Kosovo, as well as Northeast and Skopje regions in Macedonia through income generation of start-ups and micro-enterprises.

2.2 Purpose

The purpose of this Contract is as follows:

2.3 Results to be achieved by the Contractor

ASSUMPTIONS AND RISKS

3.1 Assumptions underlying the project intervention

3.2 Risks

SCOPE OF THE WORK

4.1 Description of the assignment

4.2 Responsible body

The Contractor(s) is/are responsible for all activities and delivery of results regarding this Contract with the support of Contracting Authority.

LOGISTICS AND TIMING

5.1 Location

The tasks will be carried out on the territories of the Republic of Macedonia.

5.2 Start date & period of the implementation of tasks

The assessment meeting will take place on 25th of October, from 12 to 14:00 o’clock. Prior the meeting one day is for preparation, half day for realization of the assessment meeting and two and a half days for preparation of the report. Four experts’ days in total in the period between 24th – 29th of October 2018.

REQUIREMENTS

6.1 Personnel

The engaged Contractors(s) is/are expected to have at least:

Note that civil servants and other staff of the public administration of the beneficiary country cannot be proposed as Contractor, unless prior written approval has been obtained from the European Commission. All Contractors must be independent and free from conflicts of interest in the responsibilities they take on. Interested parties are invited to hand-deliver or submit their offers by post mail, e-mail, telefax or a currier no later than 22th of October 2018 to the following e-mail address: zenith@zenith.org.mk. Please note that you may submit only one offer.

In addition to the offer, tenderer must provide the following:

The contract shall be awarded based on the best value for money. Should you need any further information, please do not hesitate to contact us on email or telephone: zenith@zenith.org.mk; 077693340.

CONTRACT

7.1 Contract requirements

The selected Contractor will sign a contract with Association Zenith at the latest by 24th of October.

The maximum gross value of the Contract for Facilitator for an assessment meeting with 40 handicraft artisans and preparation of a report that will identify the shortcoming is terms of handicraft design, production and promotion in the targeted cross-border regions is 850 Euros; The expert(s) will provide a report no later than November 16th 2018. The entire analysis will be prepared in English language.

Approval of the report by the Contracting Authority will be the basis for the final payment to the expert in accordance with a concluded contract for work.

________________________________________________________________

Повик за ангажирање експерт за спроведување обука за граѓански организации (ПРОДОЛЖЕН РОК ДО 17.10.2018)

Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит во рамки на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги“, (број на договор за грант со ЕУ: 12-7459/1) поддржан од Европската унија, има потреба од ангажирање експерт за спроведување обука за граѓански организации. Проектот има за цел да ја зајакне вклученоста на граѓанското општество во реформата на јавната администрација како приоритетен реформски процес во пристапувањето кон ЕУ.

1. За целта на обуката

Во склоп на активностите на проектот, формирана е мрежа на граѓански организации за подобрување на јавните услуги. Членките на мрежата ќе учествуваат на повеќе обуки, работилници и јавни дебати во рамки на проектот. Серијата обуки имаат за цел да ги зајакнат капацитетите на граѓанските организации кои се членки на мрежата за мониторинг и активно вклучување во реформските процеси поврзани со испораката на јавните услуги. Обуката која ангажираниот експерт ќе треба да ја спроведе ќе се фокусира на иновативни методи и е-алатки за информирање, интеракција и учество на граѓаните во врска со јавните услуги. Подетално, обуката треба да им помогне на граѓанските организации да дадат свои предлози и идеи и да се вклучат во подготовката на иновативни ИТ решенија (мобилни и/или веб апликации) за подобрување на информираноста и вклученоста на граѓаните во испораката на јавните услуги и поврзани аспекти со нив.

2. Работни задачи

Експертот треба да биде во редовна комуникација и координација со проектниот тим при спроведувањето на зацртаните активности. Експертот, во соработка со проектниот тим, треба да ги оствари следните задачи:
  1. Подготовка на материјали за обуката на следните теми: преглед на иновативни е-алатки и методи воспоставени од властите, граѓанските организации или други недржавни чинители во Македонија за информирање, интеракција и учество на граѓаните во врска со јавните услуги на национално и локално ниво; европски иновативни практики за информирање, интеракција и учество на граѓаните во однос на испораката на јавни услуги; насоки за иновативни ИТ решенија подготвени од граѓански организации кои ќе придонесат кон подобрено информирање и интеракција на граѓаните во однос на испораката на јавни услуги, како и други поврзани теми;
  2. Спроведување на еднодневна обука;
  3. Подготовка на извештај од обуката;
  4. Учество на дебата за јавни услуги организирана во рамки на проектот.

3. Постапка за избор

Експертот кој ќе биде ангажиран треба да ги исполнува следниве услови:

4. Начин на аплицирање

Заинтересираните експерти треба да изразат интерес со испраќање на следните документи:

Документите треба да се испратат на zenith@zenith.org.mk заклучно со 17.10.2018 г. (продолжен е рокот кој претходно беше заклучно со 10.10.2018)

Доколку ви се потребни дополнителни информации во врска со повикот, обратете се на: zenith@zenith.org.mk.

________________________________________________________________

Повик за ангажирање експерт за изработка на компаративна анализа за најдобри практики од ЕУ за испорака на јавни услуги

Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит во рамки на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги“ (број на договор за грант со ЕУ: 12-7459/1), поддржан од Европската унија, има потреба од ангажирање експерт за изработка на компаративна анализа за најдобри практики од ЕУ за испорака на јавни услуги. Проектот има за цел да ја зајакне вклученоста на граѓанското општество во реформата на јавната администрација како приоритетен реформски процес во пристапувањето кон ЕУ.

1. За компаративната анализа

Компаративната анализа треба да ги вклучува следните аспекти:

2. Работни задачи

Експертот треба да биде во редовна комуникација и координација со проектниот тим при спроведувањето на активностите. Експертот треба да ги исполни следните задачи:
  1. Финализација на структура на компаративната анализа, во соработка со проектниот тим;
  2. Подготовка на нацрт-верзија на компаративната анализа;
  3. Усогласување на нацрт-верзијата со коментарите од проектниот тим;
  4. Финализација на компаративната анализа;
  5. Презентација на компаративната анализа на јавен настан.

3. Постапка за избор

Експертот кој ќе биде ангажиран треба да ги исполнува следниве услови:

4. Начин на пријавување

Заинтересираните експерти треба да изразат интерес со испраќање на следните документи:

Документите треба да се испратат на zenith@zenith.org.mk заклучно со 10.10.2018 г.

Доколку ви се потребни дополнителни информации во врска со повикот, обратете се на: zenith@zenith.org.mk.

________________________________________________________________

Повик за ангажирање експерт за спроведување обука за граѓански организации „Активни граѓани за подобри јавни услуги“

Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит во рамки на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги“, поддржан од Европската унија, има потреба од ангажирање експерт за спроведување обука за граѓански организации. Проектот има за цел да ја зајакне вклученоста на граѓанското општество во реформата на јавната администрација како приоритетен реформски процес во пристапувањето кон ЕУ.

1. За целта на обуката

Во склоп на активностите на проектот, формирана е мрежа на граѓански организации за подобрување на јавните услуги. Членките на мрежата ќе учествуваат на повеќе обуки, работилници и јавни дебати во рамки на настанот. Оваа обука има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации кои се членки на мрежата за мониторинг и активно вклучување во реформските процеси поврзани со испораката на јавните услуги, со фокус на најдобри практики од Европската унија за дигитализација на испораката на услугите.

2. Работни задачи

Експертот треба да биде во редовна комуникација и координација со проектниот тим при спроведувањето на зацртаните активности. Експертот, во соработка со проектниот тим, треба да ги оствари следните задачи:

3. Постапка за избор

Експертот кој ќе биде ангажиран треба да ги исполнува следниве услови:

4. Начин на аплицирање

Заинтересираните експерти треба да изразат интерес со испраќање на следните документи:

Документите треба да се испратат на zenith@zenith.org.mk заклучно со 08.06.2018 г.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За прашања или појаснувања во врска со повикот, ве молиме обратете се на zenith@zenith.org.mk

________________________________________________________________

Оглас за вработување

Асоцијацијата за развојни иницијативи ЗЕНИТ – Скопје огласува едно слободно работно место: Координатор за застапување и комуникации (Advocacy and lobbying coordinator) на проектот „Преминете на органско – потрошувачите во центарот на земјоделската политика“.

Главни задачи и активности

  1. Организирање и учествување на настани во рамки на проектот
  2. Подготовка на извештаи од одржани настани и придонес во подготовката на проектнте извештаи
  3. Спроведување активности за застапување засновано на докази и споделување повратни информации и исходи
  4. Подготвување, издавање и претставување на публикации
  5. Организирање промотивни активности за јакнење на граѓанската свест за органското производство
  6. Организирање средби со засегнати страни
  7. Одржување редовна комуникација со медиуми

Потребни вештини и квалификации

  1. Универзитетско образование во општествени или природни науки
  2. Професионално искуство во работа на проекти во граѓански организации
  3. Комуникативност, тактичност, способност за тимска работа
  4. Одлично познавање на англиски јазик и на MS Office
  5. Познавање на состојбата и проблемите со органското производство во Македонија ќе се смета за предност

Ангажман: 40 часа неделно

Ангажманот на работното место е предвидено да започне на 18.05.2018 година, а договорот ќе биде склучен на определено време (важност најмногу до 31.07.2018 година).

Плата: 25.000 денари

Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија со преглед на образованието, работното искуство и релевантните знаења и вештини, заедно со мотивациско писмо на zenith@zenith.org.mk заклучно со 15.05.2018 година. Селекцијата ќе се спроведе врз основа на доставените апликации, а по потреба избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

-----------------------------------------------------------------

Повик за ангажирање експерт за поддршка во изработка на водич за известување и онлајн ресурсен центар со електронски алатки за набљудување и оценување

1. За проектот

Проектот „Нема подобрување без мерење – иновативен модел за набљудување, оценка и известување за граѓанскиот сектор во Македонија“ има за цел да го унапреди управувањето со граѓанските организации во Македонија и да ја подобри нивната способност да мобилизираат ресурси и конституенти за промовирање општествена промена. Специфична цел на проектот е да ги унапреди капацитетите и соработката за систематско набљудување, оценка и известување на граѓанските организации во Македонија. Проектот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, а е спроведуван од Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит.

2. За целите на водичот за известување и електронските алатки за набљудување и оценување

Во склоп на активностите на проектот, треба да се изработи Водич за известување кој ќе ги зајакне капацитетите на граѓанските организации во подготовка на извештаи и кон донаторите и кон јавноста. Дополнително, треба да се подготват и електронски алатки за набљудување и оценување кои ќе содржат различни модули, вклучително и за подготовка на онлајн извештаи, приказ на успешни постигнувања и генерирање на предлог показатели во различни области на делување на граѓанските организации.

3. Работни задачи

Експертот треба да биде во редовна комуникација и координација со проектниот тим при спроведувањето на зацртаните активности. Експертот, во соработка со проектниот тим, треба да ги оствари следните задачи:
  1. Развиен план за реализација на активностите со предлог содржина на продуктите кои треба да се изработат
  2. Спроведено истражување и анализа на секундарни извори на податоци
  3. Поддршка во подготовка на водич за известување
  4. Поддршка на Асоцијацијата Зенит во подготовка на содржина за сите посебни модули за електронски алатки
  5. Презентација на водичот и на електронските алатки на настан со граѓански организации

4. Рок на спроведување

Наведените задачи треба да бидат завршени заклучно со 21 мај 2018 г.

5. Критериуми за избор

Експертот кој ќе биде ангажиран ќе се избере врз основа на следниве критериуми:
  1. Искуство од најмалку 5 години во областа на набљудување, оценување и известување на донаторски проекти;
  2. Искуство од најмалку 5 години во спроведување на истражување и анализа на секундарни извори на податоци;
  3. Искуство од најмалку 5 години во соработка со граѓанското општество и донаторски финансирани проекти;
  4. Оправданост и соодветност на финансиската понуда согласно искуството на експертот.

6. Начин на аплицирање

Заинтересираните експерти треба да изразат интерес со испраќање на кратка биографија и финансиска понуда на zenith@zenith.org.mk заклучно со 16.04.2018 г. Финансиската понуда треба да содржи бруто сума по ден, број на денови потребни за извршување на наведените задачи и истата претставува предмет на преговори и одобрување од страна на корисникот на услугата, т.е. Асоцијацијата Зенит.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За прашања или појаснувања во врска со повикот, ве молиме обратете се на zenith@zenith.org.mk

______________________________________________________________________

Повик до граѓански организации за учество во мрежа за подобрување на јавните услуги

Ги повикуваме заинтересираните граѓански организации да се приклучат во формирање на мрежа на граѓанското општество за подобрување на јавните услуги. Целта на мрежата е да изгради дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и јавните институции за подобрување на јавните услуги, како и заедничко спроведување мерки од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 во делот посветен на испорака на јавни услуги. Министерството за информатичко општество и администрација ја поддржа иницијативата и изрази подготвеност за соработка со мрежата на граѓански организации, согласно определбите на Владата за отвореност и инклузивност во креирањето на јавните политики.

На повикот може да се пријават заинтересирани граѓански организации кои имаат претходно искуство во активности поврзани со истражување, мониторинг или застапување за промени во јавната администрација, со фокус на испорака на јавните услуги во различни сектори. Предност ќе им се даде на организации кои доаѓаат од внатрешноста. Организациите кои ќе бидат избрани за учество во мрежата ќе имаат можност да ги зајакнат своите капацитети за граѓанска мобилизација, мониторинг, застапување и информирање на граѓаните во врска со испораката на јавните услуги, како и можност за развивање на идеи за иновативно ИТ решение за унапредување на работата на мрежата. Подетално, организациите ќе бидат дел од следните активности:

Во рамки на работилниците ќе биде организиран натпревар за иновативно ИТ решение во сферата на јавните услуги. Врз основа на најдобрата идеја, која ќе биде избрана од организациите кои го спроведуваат проектот во соработка со членките на мрежата, ќе биде изработена алатка која ќе овозможи механизми за вклучување и информирање на граѓанските организации и граѓаните во врска со испораката на јавни услуги. Идеите може да бидат во форма на веб апликации или апликации за паметни телефони, а да се однесуваат на: обезбедување информации за испораката на јавните услуги, известувања за проблеми за пристапност и инклузивност во испораката на јавни услуги, следење на квалитетот и задоволството на корисниците, обезбедување граѓански простор за давање мислења за можни подобрувања во испораката на јавните услуги и други соодветни теми.

Заинтересираните организации треба да испратат:

Портфолиото на организацијата и номинацијата на едно лицe треба да се испратат на следните е-mail адреси: iskra.belcheva@cup.org.mk и todoroski@zenith.org.mk најдоцна до 09.03.2018 година.

Претставниците на организациите кои ќе бидат избрани за учество во мрежата ќе бидат информирани кон крајот на март 2018 година.

Овој повик е во рамки на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испораката на јавни услуги“, финансиран од Европската унија, а спроведуван од Центарот за управување со промени (ЦУП) и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит. Целта на проектот е да се зајакне вклученоста на граѓанското општество во реформата на јавната администрација, со фокус на подобрување на системот на испорака на јавните услуги, што е предуслов за ефикасна и граѓански ориентирана јавна администрација.

_______________________________________________________________________

Оглас за вработување

Асоцијацијата за развојни иницијативи ЗЕНИТ – Скопје огласува слободно работно место на позиција проектен координатор - за која описот е даден подолу. Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија со преглед на образованието, работното искуство и релевантните знаења и вештини (на македонски или англиски јазик), заедно со мотивациско писмо на zenith@zenith.org.mk не подоцна од 02 јануари 2018 година (вторник). При пријавувањето, кандидатите во насловот на електронската порака треба да го наведат називот на позицијата за која се пријавуваат. Изборот ќе се изврши врз основа на доставените пријави, а по потреба дел од кандидатите ќе бидат повикани на разговор.

Главни задачи и активности:

Потребни вештини и квалификации:

Ангажман: 40 часа неделно.

Договорот со избраниот кандидат ќе биде склучен на определено време (најмногу до 31.07.2018 година) и можност за продолжување, со претходен пробен период.

Месечна нето-плата: 21.000 денари.

_______________________________________________________________________

Повик за прибирање понуди за услуга за изработка на софтвер за прием, регистрација и справување со жалби на потрошувачите и водење соодветен електронски регистар

1. Цел на повикот

Преку стручна поддршка на Проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“ (Проектот) предвиден е ангажман на економски оператор со искуство во развој на софтверски решенија, со цел да изработи софтвер за прием, регистрација и справување со жалби на потрошувачите од страна на деловните субјекти, како и водење соодветен електронски регистар, според стандардите и практиките на Европската унија.

2. Цел на проектот за кој се изработува софтверот

Проектот ќе развие и промовира иновативен модел за соработка меѓу граѓанскиот и бизнис секторот преку воведување сертификат за фер однос кон потрошувачите, што ќе го доделуваат граѓански организации како услуга насочена кон бизнис заедницата. Проектот на тој начин ќе придонесе за диверзификација на изворите на финансирање на граѓанското општество и влијанието врз спроведување на политики за заштита на потрошувачите и животната средина.

3. Работни задачи

  1. Изработка на софтвер со веб бази на податоци според карактеристиките опишани подолу во повикот, интегрирана функционална алатка за генерирање извештаи во PDF формат и модул за скенирање на доставената документација со поплаката /жалбата од потрошувачот ( на пример: гарантен лист, сметки, слики и сл.). Генерираните извештаи треба да прикажуваат статистички податоци за жалбите, преземените дејствија од страна на компанијата, одговорите дадени на потрошувачите и исходите од постапувањето.
  2. Тестирање на изработениот софтвер, оптимизација и отстранување на евентуални недостатоци
  3. Обезбедување соодветна заштита од неовластено користење и копирање на софтверот, како и соодветна заштита на личните податоци кои ќе се внесуваат во софтверот односно во поврзаните бази на податоци
  4. Обезбедување регистриран домејн и хостинг за непречена работа на софтверот за период од најмалку 2 години
  5. Изработка на прирачник за користење на софтверот
  6. Обука на невладините организации кои ќе бидат вклучени во проектот за карактеристиките на софтверот (динамиката на обуката ќе биде утврдена во договор со засегнатите страни)
  7. Обука на сертифицираните претпријатија за инсталирање и користење на софтверот
  8. Техничка поддршка и обезбедување непречена работа на софтверот во период од најмалку 2 години
Во понудата за изработка на софтвер покрај погоре наведените работни задачи и начинот на кој ќе одговорат на нив, од понудувачите се очекува да достават и: а) Предлог на задолжителни полиња во електронски формулар за пријавување жалби на потрошувачите, кој би бил достапен преку веб, видовите и форматите на податоци, како и начинот на селекција/избор на податоци во формуларот б) Начин на внатрешно процесирање на преземените поплаки и жалби од потрошувач/и од страна на сертифицираните компании преку одговорно лице во компанијата (претставени преку дијаграм) в) Позадина и база на податоци. Системот треба да биде изграден со можност за користење од страна на компании со различна големина и дејност. Самата база на податоци на жалби од потрошувачи треба е дизајнирана да биде поставена на локација достапна на менаџерот и одговорниот персонал на сертифицираната компанија. Покрај тоа треба да постои база на податоци на сертифицирани компании, верификатори и заинтересирани компании за сертификатот, како и база на податоци со агрегирани параметри од сертифицираните компании.

4. Разлики во цена (корекција на цени)

Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за набавката.

5. Рок за извршување на услугата

Носителот на набавката е должен да ги изврши услугите по динамика договорена од двете страни. Работната задача под бр. 1 треба да биде завршена во времетраење од не подолго од 6 месеци, а другите работни задачи одделно ќе бидат прецизирани.

6. Начин на плаќање

Се предвидува следниов начин на плаќање: 50% од договорената сума по склучување на договор во рок не подолг од 15 дена од денот на склучување на договорот. Останатиот износ ќе се исплаќа по доставување на фактури за извршените услуги до Организација на потрошувачите на Македонија. Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и ќе биде одбиена од страна на комисијата за набавки.

7. Право на учество

Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавката.

8. Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба, способноста за вршење на професионална дејност како и техничка или професионална способност

8.1. Со понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава со која потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба кои се во целост утврдени во законот и во овој повик, како и дека ги има на располагање сите документи утврдени во овој повик за докажување на исполнувањето на критериумите, доколку неговата понуда биде избрана за најповолна Понудувачот треба да ги поседува следниве документи за докажување на својата лична состојба и тоа: 8.2. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка. 8.3. За докажување на техничката или професионалната способност 8.3.1. Референтна листа на дадени исти или слични услуги во последните три години со вредности, датуми и купувачи, и евентуално описи; 8.3.2. Изјава со број, имиња и квалификации на ангажираните технички лица задолжени за давање на услугата

9. Изјава за сериозност на понудата

Во прилог на понудата, понудувачот доставува и потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на документацијата на повикот.

10. Начин на пријавување и избор

Заинтересираните економски оператори треба да ги достават документите за пријавување исклучиво во електронска форма на opm@opm.org.mk, (со назнака: повик за изработка на софтвер) заклучно со 29.12.2017 г. Документите за пријавување вклучуваат: а) Прилог 1– Понуда б) Прилог 2 – Скенирана изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба в) Прилог 3– Скенирана изјава за сериозност на понудата г) Документ за регистрирана дејност д) Референтна листа на дадени исти или слични услуги во последните три години со вредности, датуми и купувачи, и евентуално описи; ѓ) Скенирана изјава со број, имиња и квалификации на ангажираните технички лица задолжени за давање на услугата е) Предлог за развој на софтвер со сите фази согласно дадените работни задачи; ж) Предлог-структура на софтверот (графички приказ) Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена, односно ќе биде отфрлена за што економскиот оператор ќе биде известен, а истата нема да биде оценувана од страна на Комисијата за набавки на Проектот.

11. Критериуми за доделување на договорот:

Критериум за избор на најповолна понуда и доделување на договорот за набавка е економски најповолна понуда. Елементи на критериумот економски најповолна понуда се: Квалитетот на понудените производи и на работењето се определува врз основа на: Износот на договорот кој би се склучил по овој повик не може да надмине вкупно (без вклучен ДДВ), 889.575 денари.

12. Дополнителни информации

За прашања или појаснувања во врска со повикот, ве молиме обратете се на opm@opm.org.mk.

Целиот повик заедно со неговите анекси можете да го превземете ОВДЕ